Човек во костум на „Зоро“ е задржан на аеродромот во ЛА по лажната тревога за пукотници
Човек облечен во костум на „Зоро“ е задржан по лажната тревога за пукотници на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, јави ДПА.
Се уште не е јасно дали задржаниот е поврзан со лажната тревога. Полицијата го натерала да легне на подот и го уапсила „Зоро“ откако тој мафтал со пластичен меч. Задржаниот е актер, кој требало да отпатува во Лас Вегас.
Претходно денеска се појавија непотврдени информации дека се слушнати истрели, што ги уплаши стотиците патници, кои побрзаа да ја напуштат зградата на аеродромот. Некои од нив излегоа и на пистата.
- Паниката избувна само поради силни звуци. Се проверува од што била причинета бучавата, изјави претходно Енди Нимен, портпарол на полицијата на Лос Анџелес.
Претходно, од безбедносни причини, полицијата затвори дел од аеродромот и го запре сообраќајот кон централниот терминал.
Откако стана јасно дека немало пукање, луѓето почнаа да се враќаат на аеродромот, штом тој почна однови да работи.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје