-->
-->
Човечки скелет пронајден на нива во Драчево
-->

Човечки останки под камена плоча се најдени во петокот на нива во близина на скопското село Драчево, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Споре извештајот на СВР Скопје, Н.Т. вчера претпладне во полициска станица пријавил дека во селото Драчево на улицата „Пат за Китка“ кај месносто Локва, поточно во нива со лозов насад при изведување градежни работи пронашле камена плоча под која имало скелет на човек.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.
По наредба на Јавен обвинител коските ќе бидат дадени на обдукција, по што треба да се утврди дали се работи за маж или жена и колку се стари коските.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
