Loading Video...
Свет
15. August 2022 - 12:43

Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус

ЧОВЕЧКА ГРЕШКА Е ВОДЕЧКА ВЕРЗИЈА ЗА НЕСРЕЌАТА СО СРПСКИОТ АВТОБУС

Возачот, на српскиот автобус кој синоќа се преврте во Бугарија е задржан во притвор поради констатацијата дека причина за несреќата е човечка грешка. Во несреќата повредени се дванаесет лица од кои осум деца. Според првичните информации најмалото хоспитализирано дете има шест години.

Во автобусот со српски регистарски таблички патувала детска група која се враќала од фолклорен фестивал во Несебар.

КИНА ЗАПОЧНА НОВИ ВОЕНИ ВЕЖБИ ВО БЛИЗИНА НА ТАЈВАН

Кинеската армија денеска одржа нови воени вежби во близина на Тајван поради средбата на американските пратеници  со претседателката Цаи Инг-вен во Тајпеј. Петчлената американска делегација ја предводи демократскиот сенатор Ед Марки.

Војската на Кина соопшти дека вежбите се „остро средство на одвраќање на Америка да го наруши  мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец како и  суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Претходно овој месец, Пекинг спроведе големи вежби во областа околу Тајван, по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

НАЈМАЛКУ ПЕТ ЗАГИНАТИ И 19 ИСЧЕЗНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЕРМЕНИЈА

Повеќе од пет лица загинаа, а 19 се водат за исчезнати по експолизјата во склад за пиротехнички производи во главниот град на Ерменија. Според првичните информации причината за експолизјата се уште не е потврдена. Ерменското државно обвинителство соопшти дека отворена е истрага за кршење на правилата за складирање лесно запаливи производи.

Магацинот се наоѓа на околу 2 километра јужно од центарот на градот.