Чолаку: Визната либерализација сега е во раце на косовските лидери
По одлуката на Парламентраната комисија за граѓански права, правда и внатрешни работи на Европскиот Парламент (LIBE) да го подржи извештајот на известувачот на ЕУ за визна либерализација за Косово, Танја Фајон, и неизгласување на визната либерализација за косовските граѓани, првата реакција простигна од косовскиот министер за интеграција, Блерим Чолаку.
Чолаку ја поздрави одлуката на комисијата да го поддржи извештајот на известувачот на ЕУ за визна либерализација за Косово, Фајон,оценувајќи ја како „една добра вест“.
- Прашањето за визна либерализација сега е во раце на косовските лидери, изјави Чолаку, пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Според него, уште еднаш стана јасно дека главниот критериум за да се случи визната либерализација останува ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино