Свет
23. February 2016 - 14:39

Чоколадите „Марс“ и „Сникерс“ повлечени од германскиот пазар

Производителот на чоколада Марс доброволно повлекува дел од својата понуда од германските продавници откако во некои негови производи била пронајдена пластика. 

Компанијата ги повлекува чоколадите Марс, Сникерс, Милки Веј, Веј минис и Миниатури кои што се произведени меѓу Јуни 19 и Јануари 8, 2017 година.

Фирмата „Марс чоколада“ во својата фабрика во Фирсен произведува околу 10 милиони производи дневно.

„Марс чоколада“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“ , се вели во изјавата на компанијата.