Членови на нарко-картел со автоматски пушки упаднаа во болница

Седум лица со маски, за кои се претпоставува дека се дел од картелот Санта Роса де Лима, се гледа како влегуваат во една соба во болница во Гуанајуато.
Моментот кога воoружени лица, членови на нарко картел влегуваат во болница и киднапираат пациент во болчнички кревет е снимен од безбедносните камери во самата болница во Мексико.
Седум лица со маски, за кои се претпоставува дека се дел од картелот Санта Роса де Лима, се гледа како влегуваат во една соба во болница во Гуанајуато. Тие го држат во заложништво чуварот и го терат да каже каде е лицето кое го бараат.
Потоа, на видеото, се гледа како членовите на картелот го вадат надвор пациентот со болничкиот кревет, а само неколку часа подоцна, овој пациент е пронајден на улица, завиен со бел чаршаф и масакриран.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
