Македонија
29. March 2022 - 11:02

Чкембари објавија ВИДЕО од полициско тепање на нивен член кој не пружа отпор

Ракометното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер го одбележаа низа инциденти како внатре во салата така и надвор од нејзе. 

Најпрвин до инцидент дојде веднаш по моментот кога гостинските навивачи влегоа во СЦ „Јане Сандански“, кога двете навивачки групи влегоа во близок контакт. Заштитната ограда меѓу трибините беше срушена а за време на инцидентот летнаа тврди предмети и пиротехника.

По мечот исто така имаше инцидент, во кој беа каменувани автобусите со кои битолчани пристигнаа во Скопје. 

МВР излезе со свое соопштение во кое потврди оштетување на четири автобуси и најави дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Вчера пак навивачката група Чкебари на својата Фејсбук страна објави видео од полициско тепање на нивен член опкружен со полицајци кој не пружа отпор.