Читателите на „Политико“ ја претпочитаат Кристалина Георгиева за иден генерален секретар на ОН
Читателите на влијателното европско списание „Политико" најмногу би сакале Кристалина Георгиева да биде следниот генерален секретар на ОН, покажа анкетата со која биле опфатени 400 испитаници.
3а Георгиева се изјасниле 54 отсто од анкетираните. На второ место, со 35 отсто од гласовите е португалскиот кандидат Антонио Гутереш, кој засега води при гласањето во Советот за безбедност на ОН. Трет е словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, со 11 отсто доверба, се наведува во анкетата.
Гласањето во Советот, што ќе се одржи оваа седмица, ќе биде прво на кое ќе фигурира и името на бугарската претставничка, откако пред неколку дена бугарската Влада официјално ја замени својата досегашна кандидатка Ирина Бокова.
Во написот се наведува и дека во последниве 18 месеци Георгиева водела „кампања во сенка". Пред оваа анкета, Георгиева изјавуваше дека би била полезна во ОН, оти целосно е во тек со светските процеси, и со нивната поврзаност.
„Политико" исто така истакнува дека доколку биде избрана, Георгиева би била првиот генерален секретар на Обединетите Нации, кој говори руски јазик.
Ново на Сител
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот