-->
-->
Чинија полна со здравје: Кисела зелка е лек за многу болести
-->
Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум.
Добар е за настинка и за зајакнување на цревната флора, за артериосклероза и за висок крвен притисок, за лекување на астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.
Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12. Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин С, содржи антиоксиданс кој ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.
Зачините може да ги изберете според ваш вкус – зрна пипер, ким, лаворов лист... Важно е листовите зелка да бидат неоштетени, тврди и со што помалку црни делови.
Расолот од зелка може да го пиете или да го користете за разни супи или варива. Киселата зелка може да служи и како додаток на разни месни јадења или наједноставно да е послужена како салата. Ако пак сакате да пробате нешто различно, динстајте зелка со компир или направете печена штрудла од кисела зелка, во комбинација со домашна сланина, ореви, ким и суво грозје. Таквата штрудла исечете ја на парчиња и послужете ја како предјадење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор