Чиле го менува Уставот за да ги смири демонстрантите
Чилеанската Влада се согласи да напише нов устав, со кој ќе се замени сегашниот кој потекнува од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче, а со цел да да ги смири повеќенеделните насилсни протести.
Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел изјави дека претседателот Себастијан Пинера, членови на претседателската администрација и политички сојузници се согласиле дека Конгресот ќе го води процесот на повторно пишување на уставот. Чилеанците ќе гласаат за нацрт-уставот на референдум.
– Пред сè, треба да се фокусираме на целта – промена на општествениот договор, кој е поставен како основен услов на нашите граѓани, рече Блумел.
Делови од Уставот се изменети неколку пати од 1980 година, кога беше прогласен, но критичарите велат дека новиот устав мора да вклучува заштита на социјалните права и да ја зголеми вклученоста на граѓаните во демократските процеси. Противниците на промена на уставот тврдат дека постојниот устав е столб на стабилноста за Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка.
Протести избувнаа пред три недели поради зголемувањето на цените на билетите за метрото, а во нив досега загинаа најмалку 20 лица. Демонстрантите постојано бараа нов устав.
Ново на Сител
-
Визијата и успехот на Рагуза Група | Перица Голомеиќ | Бизнис приказни | Sitel Podcast 018
-
Папата одржа богослужба за Велики петок
-
Расте бројот на жртви во циклонот во Мадагаскар
-
Таткото на исчезнатото девојче од околината на Бор го помина полиграфскиот тест
-
Набавката на хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе чини 249,9 милиони евра, информира Петровска
-
Уапсен е полицаец осомничен дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче од околината на Бор
-
Србин претепал скопјанец по недоразбирање во сообраќајот
-
Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович