Фудбал
19. November 2015 - 15:09

„Чичко Дончо“ наполни 80 години

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски денеска наполни точно 80 години. Роден на 19. ноември 1935 години популарниото Чичко Дончо остави голем печат во македонскиот фудбал.  И ден денеска е најдобар стрелец на ФК Вардар со 217 погодоци на 335 меча.  Го освои и купот на СФРЈ а во 1987 како тренер на црвено-црните освои шампионска титула и играше во Лигата на шампионите. 

Одликуван е со повеќе државни признанија  но и медал за заслуги од македонската дијаспоро. 
Среќен роденден Чичко Дончо.
Фото Спортефе