Чичаковски: Фер и демократски избори услов за натамошен напредок на РМ
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека утрешните локални избори се услов за натамошен напредок на земјата и оти ДИК ќе стори се за успешен изборен ден.
- Во името на сите членови на Државната изборна комисија, ги повикувам сите учесници во изборите, изборната администрација, политичките партии, граѓаните, да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од ДИК и од изборната администрација да се обезедат фер и демократски избори кои се услов за натамошен напредок на Република Македонија, рече Чичаковски.
Можам да ветам, посочи Чичаковски, дека ДИК ќе стори се за да имаме успешен изборен ден.
- Ги повикувам општинските изборни комисии и изборните одбори, а особено политичките партии да ги почитуваат сите позитивни прописи и сите заеднички да обезбедиме одлични оценки од меѓународните и домашните набљудувачи за целокупниот изборен процес, истакна Чичаковски.
ДИК, според него, ги заврши сите активности за подготовка и организирање на Локалните избори 2017.
- Генерално завршени се сите активности за да обезбедиме фер и демократски избори, избори согласно Изборниот законик и другата позитивна регулатива во Република Македонија, вели претседателот на ДИК.
За Избирачкиот список повтори дека тој претставува добра основа за спроведување кредибилни и фер избори и оти тој е производ на постојната правна рамка и постојниот степен на точност на податоците кои се добиени од Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матични книги, основните судови и другите институции.
Бројката на пријавени болни и немоќни лица во споредба со локалните избори во 2013 година и предвремените парламентарни избори е помала, а тоа, според Чичаковски најверојатно се должи на упатството што ДИК го донесе уште пред парламентарните избори.
- Видлив е трендот и на предвремените парламентарни избори и на овие избори да се намалува оваа бројка. Можеби тоа е резултат на упатството кое го донесовме пред парламентарните избори каде што се прецизира одредбата од Изборниот законик која се однесува на начинот на одобрување на барање на гласање болни и немоќни, рече Чичаковски во интервјуто за МИА, додавајќи дека можеби станува збор и за различен приод на граѓаните.
Ново на Сител
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот