Четврти повик за проекти за новоосновани трговски друштва и иновации

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави четвртиот повик за поднесување предлог-проекти за инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ и за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
Предлог проектите ќе можат да се поднесуваат следниве 90 дена, односно до 3 мај 2017 година. За финансирање на проектот за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ обезбедени се вкупно 450.000 евра, наменети за 15 претпријатија, додека за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации обезбеден е вкупен износ од еден милион евра, наменети за 10 претпријатија.
Заинтересираните можат да ги поднесат предлог-проектите во електронска форма преку системот на Фондот на линкот http://mis.fitr.mk
Инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ има цел да го поттикне нивото на иновативност кај новооснованите претпријатија преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој. Грантот се очекува да ја поттикне културата на преземање на ризик и иновација, да обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, или услуга како и да поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања настанати во високо-образовните односно научноистражувачките установи.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 85 проценти од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 илјади евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија не постари од 6 години, во доминантна сопственост на македонски државјани кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.
Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации има за цел да поттикне зголемување на истражувањето и развојот во приватниот сектор, да ја охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научни установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
