Четврти ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Четврти ден од исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска. Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди за да се добие информација за исчезнатото дете.
Мајката е постојано во контакт со полицијата и се прават сите напори за да се открие трага што ќе укаже што се случило.
Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка 58 кг, има коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Граѓаните ќе ја препознаат по тоа што е облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Вања со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.
Последниот сигнал од телефонот на исчезнатото девојче е лоциран на булеварот ,,Партизански одреди" спроти Универзална сала.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
