-->
-->
Четвртфинален расплет на машкиот дел од Вимблдон
-->
На третиот Гренд слем тениски турнир годинава Вимблдон, денеска на програмата се мечевите од четвртфиналната рунда во машка конкуренција.
Најинтересен се очекува да дуелот меѓу (2-носител) и миленик на домашната публика Енди Мареј и Французинот, Жо-Вилфред Цонга кој е 12-то рангиран во Лондон.
3-от фаворит на Вимблдон, Роџер Федерер (Швајцарија) за противник ќе го има (9) Марин Чилиќ од Хрватска, додека (6) Милош Раониќ од Канада ќе игра против Американецот, Сем Квери (28).
Во последниот дуел за влез во полуфиналето ќе играат Чехот, Томаш Бердих (10) и Лукас Пулие од Франција (32-ро рангиран).
Четвртфиналните мечеви во машка конкуренција ќе се играат попладнево, додека утре на програмата се полуфиналните натпревари во женска конкуренција во кои ќе се сретнат, (1-носителка) Серена Вилијамс, САД - Елена Веснина, Русија и (4) Анџелик Кербер, Германија - (8) Венус Вилијамс, САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО