-->
-->
Четвртфинале за Јотовски во Скопје
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во 1/4 финалето на фјучрсот во Скопје. Тој предмалку по голема борба во меч што траеше безмалку 3 часа го победи шестиот носител Либор Салаба од Чешка со 2-1 во сетови. Првиот сет по 72минути му припадна на Јотовски со 6:3 во гемови, а потоа со истиот резултат возврати чешкиот тенисер. Во решавачкиот сет беше 6:1 за Јотовски. Тој во следното коло ќе игра со Кристијан Месарош од Хрватска, кој денеска со 6:1 и 6:1 беше поуспешен од третиот носител Марокс Каловелонис од Русија.
Денеска во првиот меч од 2.коло пораз од четвртиот носител доживеа Стефан Мицов. Тој двата сета од Клаудио Фонтана од Италија ги загуби со 6:2 во гемови.
За пласманот во 2.коло Мицов ќе освои еден поен.
Од македонските тенисери во 2.коло попладнево ќе игра Димитар Грабул против осмиот носител Лени Хампел од Австрија.
Меч во конкуренција на двојки ќе игра и Јотовски, кој заедно со Лазов ќе играат против руските тенисери Гиголаев и Перфилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години