Четврта победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68).
Сепак, МЗТ Скопје не му дозволи на црногорскиот противник целосен резултатски пресврт и предводен од Војдан Стојановски (24 поени) и Душан Танасковиќ (20 поени) ја забележа четвртата победа со која во моментов е петтопласиран на табелата.
Настапот во рамки на третиот „балон“ во АБА 2 лигата кој се игра во Широки Брег кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го заокружат в петок против Суботица со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено