-->
-->
Четворица велешани повредени откако со автомобил излетале од коловозот кај Ржаничино
-->
Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот, соопштија од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
-
Во 9 странски држави хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани
-
Помош за семејствата на повредените
-
Филипче: Време е за единство, не за политички поени
-
Македонија го активира системот за цивилна заштита на ЕУ за странска помош
-
Расте бројот на повредени лица, најкритичните се транспортираат на лекување во странство
-
Муцунски: До сега, наши пациенти има во Турција, Бугарија, Грција, Србија, Литванија и Унгарија
-
Тошковски: Градоначаникот на Кочани поднесе оставака, во тек е распит на осомничени за трагедијата