Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на коронавирсот
Четворица ученици од штипските основни и средни училишта се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје-Штип. Станува збор за двајца ученици од Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и по еден од средното електро машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“ и средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“.
Во излоација дополнително заминуваат 20 ученици, претходните денови со стартот на учебната година во изолација имаше 53 ученици. Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта досега е 73. Од почетокот на учебната година се до денеска регистрирани се осум ученици кои се позитивни на коронавирусот и тројца наставници од основните и средни училишта.
Во штипската ковид-центар на болничко лекување се 43 пациенти, од кои 39 во модуларната болница и седум во Кожното одделение. Во дневната амбуланта изминатите 24 часа имале 35 прегледи на пациенти.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата