-->
-->
Четворица повредени во судар на две возила на патот Гостивар- Кичево
-->
Четири лица се згрижени во гостиварската болница со повреди што ги задибиле во сообраќајна несреќа во која се судриле два автомобили на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Според СВР Тетово, денеска околу 12 часот и 30 минути, е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации.
Во несреќата учествувале две патнички возила „фиат браво“ со скопски и „ шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки.
Повредени се четири лица, три од „шевролетот“ и едно од „спаркот“, кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Во тек е увид што го врши екипа од Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија

