-->
-->
Четворица повредени во сообраќајката на патот Велес
-->

Четири лица се повредени во сообраќајката меѓу две патнички возила што се случи изутрината на регионалниот пат Велес-Чашка во месноста викана „Долги рид“. Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во хирушката амбуланта при Општата болница во Велес.
Портпаролот на Општата болница Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека повредените во сообраќајката биле донесени кај нив во алкохолизирана состојба и ќе бидат испратени на домашно лекување.
Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, истакна дека во сообраќајката е причинета материјална штета на возилата. Посочи дека полицијата врши увид на местото каде се случила сообраќајната несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
