-->
-->
Четворица цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово - Скопје
-->
Четворица цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово - Скопје.
Сообраќајката се случила во 7:15 часот по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.
Двајца од повредените се префрлени во Градската општа болница „Наум Охридски“, а двајца на Клиничкиот центар во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор.
На местото на несреќата се врши увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија