Четириесет години од изградбата на Спомен костурницата во Кавадарци
Денеска се навршуваат 40 години од изградбата на Спомен костурницата во Кавадарци, објект подигнат во чест на паднатите броци од НОВ и Револуцијата 1941-1945 година.
Мики Камчевски, професор по историја од Кавадарци, информираше дека Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ симболизира стара македонска куќа, која треба да претставува вечно почивалиште на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци.
- Во внатрешноста на оградата на Костурницата се поместени моштите на паднатите борци, а од внатрешноста на Костурницата на 24 гранитни плочи се испишани имињата на сите 333 паднати борци од општина Кавадарци. На голем број од паднатите борци кои своите животи ги положија во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија (борбите во Западна Македонија, борбите за пробив на Сремскиот фронт, за ослободување на Загреб итн.), нивните посмртни останки не се пренесени и се погребани на местата каде што се загинати, соопшти Камчевски, кој е професор по историја во кавадаречката гимназија “Добри Даскалов”.
Притоа додаде дека во текот на 2012 година беше организирана акција за чистење на графитите на Спомен костурницата, а во 2015 година беше извршено реновирање со целосна промена на сите 24 гранитни плочи, на кои сега се запишани имињата на сите 333 паднати борци. На старите плочи беа испишани имињата на само 264 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. При реновирањето на Спомен костурницата беше извршено и нејзино целосно осветлување, партерно и хортикултурно уредување и инсталиран видео надзор.
Овој спомен објект кој се наоѓа во градскиот парк, е дело на Петар Муличковски, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Ново на Сител
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава
-
Мицкоски: Се очекува ДУИ да преземе чекори за дестабилизација на државата
-
Комисијата за финансирање прифати само два амандмана - за исплата на администраторите на избирачкиот процес и за платено политичко рекламирање
-
Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран
-
Суспензија и кривична за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром