Четиридневен полициски час за Рамазан Бајрам во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на територијата на целата земја од 23 мај ќе биде воведен четиридневен полициски час, за време на претстојниот празник Рамазан Бајрам.
Чекорот се презема како дел од мерките против Ковид-19, а Турција ќе ги отвори џамиите на 29 мај со петочната молитва.
Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во претседателството одржа прес конференција на која истакна дека „Турција поради Ковид-19 обезбеди финансиска помош за 5,5 милиони граѓани со ниски приходи“, јави агенцијата Анадолија.
Тој додаде и дека училиштата оваа учебна година нема повеќе да отворат и оти новата училишна година во Турција ќе започне во септември.
Бројот на новозаразени со коронавирусот во Турција во изминатите 24 часа се зголеми за 1.158 на вкупно 150.593, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Турција е деветта во светот во однос на бројот на заразени.
Според Министерството за здравство, во земјата починале 4.171 лица, додека 111.577 оздравеле.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
