-->
-->
Четири жртви во пожарите во Португалија
-->
Најмалку четири лица загинаа во шумските пожари што веќе две недели беснеат во Португалија, јави телевизискиот канал „24 часа".
Еден од најголемите пожари се случил во градот Фуншал на островот Мадеира, при што загинале три лица, а приближно 300 се повредени. Илјадници луѓе се евакуирани.
Порталот „Ворлд нау“ пак, пренесува дека четвртата жртва е шумар, кого го зафатиле пожарите лоцирани 150 километри северно од Лисабон.
Над 4.500 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарите на разни места во Португалија. Властите побараа помош и од Европската Унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел