Четири сообраќајки со две повредени лица и многу возачи исклучени од сообраќај
Во текот на изминатот ден (11.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.
Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 30 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа