Четири семејства од пехчевски Црник останаа без покрив над глава

Откако во петокот околу 19:30 часот беше опожарена куќата на семејството Џитанови во село Црник, без покрив над глава останаа четири семејства, стари луѓе и деца. Според информациите од Ванчо Бучевски вработен во општината, од пожарот бил зафатен целиот горен кат на куќата со изгорена цела покуќнина во него.
-Само брзата интервенција на противпожарните екипи од Делчево и Берово и помошта од жители од село Црник и Пехчево не дозволиле огнот да ја пеплоса целата куќа, информира Бучевски.
Во пожарот како што соопшти Бучевски изгорела целата покуќнина на семејството Џитанови.
Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, заедно со директорот на ЈКП ,,Комуналец” и вработените биле меѓу првите кои и пружиле помош на унесреќената фамилија. Тренчовски апелираше граѓаните масовно да се вклучат со било каква помош за Џитанови.
-Општината во рамки на своите можности ќе им помогне на луѓето кои живееја во куќата. Апелирам до сите хумани граѓани и фирми, кој колку може да помогне за возобновување на нивниот дом. истакна Тренчовски.
За помош на семејството Џитанови од село Црник е отворена сметка на име Аида Џитанова со број 300057028657233, Комерцијална банка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
