Четири работи кои мажите и жените прво ги привлекува кај партнерот
Она што ги привлекува меѓусебно припадниците на спротивните полови тешко може да се објасни или дефинира со една реченица, но сепак според едно ново истражување спроведено со избрани „среќни двојки“, постојат некои заеднички каратеристики на привлечноста.
Со истражувањето биле опфатени 167 двојки, кои се во „среќен брак или стабилна врска“ во траење од неколку месеци, па до 53 години.
Истражувачите при анализа на добиените податоци дошле до заклучок дека можат да се утврдат одредени заеднички карактеристики за тоа што најмногу кај спротивниот пол ги привлекува мажите, а што жените.
Така истражувањето покажало дека мажите пред се ги привлекува физичкиот изглед на жените, додека за припадничките на понежниот пол најважни се карактерните особини на нивниот партнер.
На топ четири листата за она што ги привлекува мажите, на прво место се најде физичкиот изгред, пред добродушноста, верноста и интелегенцијата.
Кај жените, пак, прв критериум за привлечност кај мажите е стабилниот карактер, пред интелегенцијата, добрината и физичкиот изглед.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство