Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
Евидентирани се четири пожари на отворен простор, покрај оние во урбани средини, изминатото деноноќие низ државава, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На скопската територија, во општина Аеродром се гаснело запалено ѓубре на површина од 50 метри квадратни покрај булеварот „Трета македонска бригада“ број 54, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Ѓубре било запалено и во општина Карпош, покрај улицата „Скупи“ без број, каде се интервенирало со едно противпожарно возило и двајца пожарникара. Од 23:55 до еден часот изутринава, четворица пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубре покрај улицата „Перо Наков“ без број, општина Гази Баба.
Битолските пожарникари интервенирале на запалена дива депонија кај село Сопотница.
- Дождот помогнал при нејзиното гаснење. Конкретно, подрачјето на општина Демир Хисар, вчера било зафатено со врнежи од дожд, па немало потреба од поголеми интервенции врз дивата депонија. Сѐ уште имало мало чадење од средишниот дел, нема опасност од проширување, се наведува во соопштението.
Изминатите 24 часа имало вкупно 1.631 повик на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Како „реални“ биле категоризирани 55,79 отсто од повиците. Кон полиција биле упатени 68,50 проценти, кон Итната медицинска помош - 22,71 отсто, а кон пожарникарите - 2,93 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Ново на Сител
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје