Четири пожари беснеат во Кавадаречко
Четири пожари беснеат во моментов во Кавадаречко, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци ја потврдија информацијата за МИА.
– Гори над селото Ваташа, таму има две наши и една екипа од „Македонски шуми“. По една наша екипа гасне и кај Фариш и Росоман. Пламените јазици се движат кон првите росомански куќи. Под ридот Љубаш кој се смета за бели дробови на Кавадарци, интервенираат од „Македонски шуми“, нагласи Александар Чадамов, командир на единицата.
Додаде дека активни им се сите расположливи ресурси, интервенираат дваесетина лица, а во гаснењето учествуваат и пожарникари кои не се на смена.
Апелира за подигнување на еколошката свест кај населението, со цел да нема пожари и штети.
Петко Ристовски од „Македонски шуми“ посочи дека континуирано има многу пожари во регионот. Апелира на внимателност затоа што сувата трева е како барут.
Ново на Сител
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата