Македонија
23. March 2025 - 13:36

Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп

На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп,  37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на  плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.