Четири лица загинаа во експлозија на гас во Русија
Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во експлозија на гас во една петкатница во рускиот град Јарослављ, соопштија денеска локалните власти, пренесе Танјуг.
Се стравува дека 30 лица се затрупани.
- Пронајдени се четири тела. Се работи за жени, кои изгледа живееле во станови покрај оној во кој се случила експлозијата, изјави регионалниот гувернер Сергеј Јастребов.
Извори од руското Министерство за вонредни состојби изјавиja дека во експлозијата целосно се уништени пет станови, оштетени се десет, а се урнале сите скали од први до петти кат.
Локалните власти наведуваат дека на местото на несреќата се упатени 550 спасувачи и 130 возила на брза помош, а отворена е и кривична истрага која треба да покаже дали се испочитувале безбедносните прописи.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора