-->
-->
Четири лица тешко повредени во страотна сообраќајка кај битолско Породин
-->

Вчера во 17,25 часот било пријавено дека на патот Битола–Драгош кај с. Породин се случила сообраќајна негода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(27) од с. Крклино- битолско и патничко моторно возило “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки ,управувано од Ш.С.(44) од с.Кишава-битолско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.К. и сопатникот од истото возило З.П.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.С. и сопатничка од истото возило Б.С.(44) по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
