Четири лица повредени во сообраќајка на излез од Охрид
Четири лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 22 часот се случи во близина на самиот излез од Охрид кон Кичево.
Според полициското соопштение, во несреќата се повредени С.А. (18) од Струга, како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и уште едно малолетно лице, сите од охридското село Велгошти. Со возило на Службата за итна медицинска помош повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување.
До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила марка „Волксваген голф“, едниот со струшки регистарски ознаки управуван од С.А., а другиот со охридски регистарски ознаки управуван од С.Т. , во кој уште биле и сопатниците Р.Т. и малолетното лице. Возилото со струшки регистарски ознаки движејќи се во насока од Охрид кон Кичево излетал од патот и удрил во карпа од десната страна на коловозот по што возилото се извртело кон спротивната коловозна лента, каде во правец кон Охрид се движел „голфот“ со охридски регистарски ознаки. Притоа со предниот дел удрил во десната страна на „голфот“ со струшки таблички.
На местото на сообраќајната незгода по овластување на Јавен обвинител увид извршија екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај „Охрид“, поради што сообраќајот беше пренасочен по стариот регионален пат кон Струга.
По наредба на јавен обвинител, од двајцата возачи земена е крв за анализа а врз возилата ќе биде извршено дополнително техничко вештачење.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец