Македонија
13. јуни 2024 - 18:58

Четири лица кривично ќе одговараат за напад врз мајка со деца

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Д.(35) од Кочани и Џ.Д.(34), Ш.Д.(37) и П.Д.(57), сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопшти МВР.

На 17.05.2024 во Виница, пријавените физички ја нападнале М.Р.(31) пред нејзините малолетни деца.