Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.
Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари.
На 14.04.2025, при обид да извршат „тешка кражба“ во објектот, тие биле затекнати и лишени од слобода од полициски службеници. Од страна на Судија на претходна постапка на Е.З., Р.Д. и С.Д. им била одредена мерка притвор во траење од осум дена, а на А.А. му била изречена мерка домашен притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици