Македонија
28. July 2022 - 16:52

Четири куќи изгореа по удар на гром во Прилеп

Удар на гром опожари четири куќи во Прилеп и остави 4 семејства без покрив над главата. Громот удрил пред полноќ, а цела среќа што еден од нив бил сведок и успеал да ги викне сите да се спасат.

-Едно време – бап, излегов на тераса, почна да чади. Жената излезе, викам бегај почна да гори. Ја викнав пожарната, за 3 минути дојде, слегував да ги разбудам другите луѓе, викав – станувајте. За 30 секунди се беше зафатено, струјата не беше исклучена, пожарникарите не можеа да гаснат под напон, вели Гоце Петрески.

-Мајка ми едвај ја разбудив, не и беше добро, легнавме, после станавме, здрави живи излеговме, за две секунди се се сруши, не бев излезена уште, пожарната дојде, но имаа проблем со исклучување на струјата, вели Ивана Ѓорѓиевска.

Повредени нема, но сите завршиле на Брза помош заради стресот кој го доживеале.

-Ние спиевме, ако не ен свикаше комшијата, ќе изгоревме сите. Сега остануваме без дом за живеење, вели Пецо Илиески.

-Идиш и гледаш дека цела куќа ти е во пламен. Цело детство, цела младост ти пропаднала. Сите сме семејства што се бориме, се мачиме. Не гори куќата, душата гори со се што сум имала во нејзе, изјави МАРИНА ИЛИЕСКА.

Од прилепската противпожарна единица велат дека интервенцијата била ризична, а пожарот се гаснел со 10 возила наизменично и 17 пожарникари.

-Имаше одредено доцнење од екипата на ЕВН околу 25 минути, прво не беше возможно да се гасне под напон, зашто е ризично. После исклучувањето веднаш се пристапи кон локализирање. 4 домаќинства останаа без покрив над гкавата, беше ризична и опасна ситуација, изјави Златко Наумовски, Командир на одделение.

Седумтемина кои останаа без дом апелираат до сите мои можат да им помогнат, бидејќи се социјално загрозени семејства. Помош вети и локалната самоуправа која ќе им обезбеди привремено сместување.