Четири години правела “селфи“ со нејзината мајка: Од последните фотографии ќе ви се скрши срцето
Прославувајќи го нивниот прекрасен однос, твитерџиката @nanatat07 и нејзината мајка, си правеле селфиња на секои 6 месеци, 4 години по ред, но нивната последна заедничка фотографија, расплака многу луѓе на социјалните мрежи.
-Вчера беше мојот последен ден на училиште. Секоја година, 4 години по ред, се фотографирав со мајка ми, на мојот прв и последен школски ден. Таа не можеше да биде покрај мене на последната фотографија, но нејзината сила ме мотивираше да останам храбра до крај. Сиот мој напорен труд во животот ѝ го посветувам неа, напишала тинејџерката на Твитер.
-Ви благодарам на сите за прекрасните зборови и за сета поддршка. Навистина многу ми значи тоа! Вашите коментари ме расплакаа, бидејќи никогаш ја немав видено големата поврзаност којашто ја имав со мојата мајка, на овој начин и навистина ми е драго за овие спомени, објаснува девојката во подоцнежна објава.
Прва година
Втора година
Трета година
Четврта година
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот