Четири активни пожари, во гаснењето вклучени пожарникари, МВР, ДЗС и месно население
На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштено село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.
- Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испраќаме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, а околу 15 часот со дејство ќе почнат и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.
Директорот на ЦУК информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во ЈП „Јасен“.
- Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од „Национали шуми“. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население, изјави Ангелов.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје