Чествување на Успение на Пресвета Богородица во Крива Паланка

Со утринската Божествена литургија во храмот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ со која чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф започна празнувањето на Успение на Пресвета Богородица.
На литургијата присуствуваа голем број верници кои за празникот пристигнаа од разни краеви на Македонија, некои од нив ќе отседнат и повеќе денови во преубавиот духовен амбиент на манастирот, а има и такви кои престојуваат тука повеќе од две-три недели.
Празнувањето продолжува вечерва со служење вечерна литургија во манастирот со почеток во 18 часот, а утре по повод чествувањето на Свети Јоаким Осоговски, светецот-закрилник на манастирот со утринската Божествена литургија ќе чиноначалствува владиката Јосиф, по што во дворот на манастирот ќе биде осветена вода.
Денес во старата манастирска фурна се одржува и традиционалната крводарителска акција во организација на општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
