Чествување на Свети Димитриј во Крива Паланка

Голем број верници од Кривопаланечко присуствуваа на чествувањето на празникот Свети великомаченик Димитриј, патрон-светецот на соборниот храм „Свети Димитриј“ во центарот на Крива Паланка.
Празнувањето отпочна синоќа, со вечерната богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-Осоговски г.Јосиф во сослужение со свештениците од кривопаланечкото архиерејско намесништво.
Утринските празнувања продолжија денеска, на денот кога се празнува споменот на Светиот великомаченик Димитриј со утрената богослужба, продолжија со архиерејската литургија и Света божествена лиутургија со која чиноначалствуваше владиката Јосиф.
Чествувањето продолжи со кревање кумски колач од страна на голем број верници во дворот на црквата, славски колач од сите верници кои имаат домашна слава посветена на Свети Димитриј, по што беше осветена вода.
Чествувањето на споменот на Св. великомаченик Димитриј меѓу народот е познат како Митровден, а именден денес празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
