Честитка за првиот училишен ден од Народниот правибранител

Народниот правобранител на Република Макеедонија Иџет Мемети на сите ученици им го честита првиот училишен ден. Тој во честитката порача дека овој ден е особено важен за оние кои првпат седнуваат во училишните клупи и им посака успех исполнет со гордост и задоволство во заедничката работа и учење.
- Апелирам до вработените во училиштата да ги прифатат сите деца, да им помогнат првиот училишен ден да го поминат во пријатно опкружување, и секое дете да се чувствува добредојдено, безбедно и прифатено во училиштето, уверено дека во новата средина нема да биде оставено само на себе туку дека ќе ја има потребната поддршка од наставнииот и друг кадар во училиштето, порачува омбудсманот во пораката.
Тој ги повикува родителите-старателите, бабите и дедовците и другите блиски на детето да посветат што е можно повеќе внимание и разбирање на нивните деца-ученици, да поминуваат повеќе време со нив во уверување дека се тука секогаш за нив.
Мемети во честитката апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорно да се однесуваат, потсетувајќи ги на преден план да ја имаат безбедноста на детето.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
-

Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
