Македонија
2. August 2015 - 12:02

Честитка за 2 Август Илинден од Македонската алијанса

Претседателот  на Македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски им го честита на граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци во светот Денот на Републиката 2 Август. 

- Горд на нашето минато исправено чекорам по патот кој нашите предци ни го трасираа и се бореа за да живееме достоинствен живот во нашата татковина како демократска и независна држава, која претставува дом на прекрасни луѓе. Посакувам заедно да го празнуваме и овој Илинден и да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, во изградбата на една модерна и просперитетна држава која никогаш нема да ги заборави својата култура и традиција.... Наша заедничка патриотска должност е да се избориме за силна, стабилна, просперитетна и обединета Македонија! Тоа е наследството од нашите претци и нашиот влог за генерациите Македонци кои доаѓаат, пишува во честитката на Претседателот  на Македонската алијанса.