Македонија
25. December 2021 - 9:50

Честитка по повод празникот католички Божиќ, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ  да им го честитам празникот рожденство Христово на сите христијани кои го прославуваат според грегоријанскиот календар.

Божиќ е најсветлиот празник за секој христијанин, затоа што симболиката на овој празник е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Празничната вест за раѓањето на Христос нека го исполни секој дом со радост, спокој и мир, а срцето на секој верник со љубов. Божиќ е семеен празник кој секогаш не потсетува на христијанските и цивилизациски вредности на хуманост и подадена рака кон своите ближни, но и на оние на кои тоа најмногу им треба. Тоа особено е важно сега во овие времиња на предизвици и премрежија кога како луѓе си требаме најмногу еден на друг, со збор или дело да си помогнеме.  Вербата во Бога нека биде двигателот на секој од нас да живееме во духот на толеранцијата, взаемната почит и чесните дела. Тоа е начин на кој секој од нас, но и сите заедно ќе успееме да направиме подобра иднина за себе и своите деца.

Христос се роди!

Бог нека ве благослови.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ