Честитка по повод Илинден од кумановскиот градоначалник Димитриевски

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски им го честита на граѓаните нашиот најголем празник Илинден со порака да го почитуваме и празнуваме овој голем македонски празник, да ја славиме македонската историја, да се грижиме за нашите граѓани да имаат
подобар живот, да им овозможиме на младите поголеми шанси за напредок и да вложуваме во нивната иднина бидејќи само на тој начин ќе можеме да кажеме дека сме успеале.
- Нека ни е честит најголемиот македонски празник Денот на Републиката – Илинден! Денешниот ден, 2 Август е силен потсетник за поставувањето на темелите на современата македонска држава, но и за почит кон сите оние што се бореле за Македонија, со своите дела, подвизи, трајно вградувајќи се во
државноста. Илинден е светол македонски празник и како никогаш досега важно е да ја знаеме и почитуваме својата македонска историја. На 2 Август во 1903 започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано првото заседание на АСНОМ. Денеска, нашата задача, обврска и аманет е сите
заеднички да продолжиме по тој пат – да ја чуваме и да ја развиваме слободна и самостојна Македонија, кон патот на Европската Унија, но искучиво како горди Македонци, со своја македонска историја, македонски јазик и македонски идентитет, се навдува во честитката од кумановскиот градоначалник.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
