Честитка од Заев за Денот на наставата на турски јазик
Празникот на турската етничка заедница во земјава – Денот на наставата на турски јазик го честиташе премиерот Зоран Заев, кој на Фејсбук напиша дека наши истакнати сограѓани од турската заедница даваат личен, значаен придонес во развојот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество.
-Почитта кон другиот и поддршката секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазикот е од огромно значење затоа што ги обединува луѓето. Тоа е голема вредност, тоа е европска вредност. Во Македонија, како едно и заедничко општество за сите нејзини граѓани, припадниците на турската заедница се нејзин значаен и конструктивен дел. Граѓаните од турската заедница во нашата земја истовремено се и силната алка на поврзување на традиционалното, исклучително добро пријателство и на одличната соработка меѓу Македонија и Турција, објави Заев на својот фејсбук-профил.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди