Македонија
21. December 2021 - 20:21

Честитка од Заев за Денот на наставата на турски јазик

 Празникот на турската етничка заедница во земјава – Денот на наставата на турски јазик го честиташе премиерот Зоран Заев, кој на Фејсбук напиша дека наши истакнати сограѓани од турската заедница даваат личен, значаен придонес во развојот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

-Почитта кон другиот и поддршката секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазикот е од огромно значење затоа што ги обединува луѓето. Тоа е голема вредност, тоа е европска вредност. Во Македонија, како едно и заедничко општество за сите нејзини граѓани, припадниците на турската заедница се нејзин значаен и конструктивен дел. Граѓаните од турската заедница во нашата земја истовремено се и силната алка на поврзување на традиционалното, исклучително добро пријателство и на одличната соработка меѓу Македонија и Турција, објави Заев на својот фејсбук-профил.