Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Свети Сава
ВМРО ДПМНЕ им го честита денешниот празник Свети Сава на припадниците на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат.
- Годинaшната прослава е десетта и јубилејна прослава на овој празник во Република Македонија. Десет години од моментот кога по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка на претставниците на српската заедница, заеднички решивме да го установиме овој празник и за прв пат во нашата современа историја како држава и Србите да добијат свој официјален празник и датум за прослава, се вели во честитката на партијата.
Симболиката на овие празници, нагласуваат од партијата, е пред се во заедничкото почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните.
- Блискоста на луѓето со генерации наназад се гледа преку духот на празнувањето. Така нека биде и во иднина. Тоа нека биде и порака до следните генерации, порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Чествувањето на денешниот празник е доказ дека покрај меѓусебното почитување и заедничко празнување, како во изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме заеднички да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите граѓани и со цврста волја постојано ќе се вложуваме за доброто на нашата држава, за стабилна и просперитетна Република Македонија, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево