Честитка од ВМРО – ДПМНЕ по повод Илинден

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита, најсветиот ден во македонската историја, големиот државен празник Илинден.
На овој голем ден се присетуваме на најголемите македонски херои и револуционерни дејци кои своите животи ги положиле за создавање на независна и суверена Република Македонија.
Денеска го чествуваме Денот на Републиката, ден кога во 1903 се кренало големото Илинденско востание, но и првото заседание на АСНОМ од 1944-та година каде се удрени темелите на модерната македонска држава. Илинден е државен празник кој го потврдува континуитетот на вековната македонска борба за независна држава.
Денеска го славиме непокорот и победата, денеска им оддаваме почит на сите оние мажи и жени кои го кренаа својот глас против неправдата, ги славиме оние луѓе на кои љубовта кон татковината и слободата им беше поважна од нивните животи. Да се присетиме на Гоце Делчев, на Даме Груев, на Питу Гули на Јане Сандански на сите оние кои своите животи ги положија за Македонија. Да се сетиме и на оние кои беа дел од Народно ослободителната и антифашистичка борба, оние кои ја продолжија борбата на Илиденците.
Се додека гори овој најсветол пламен, ќе живее сонот за Македонија.
Вечна слава на борците, нека ни е вечна татковината, Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
