Македонија
27. March 2016 - 14:17

Честитка од Трајановски до христијанските верници кои прославуваат Велигден

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден на сите верници од католичка вероисповед, како и на останатите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

- Нека е за многу години големиот христијански празник! Христос воскресна! Навистина воскресна!, стои во честитката од Трајановски.